Зоран Џорлев оваа сабота како дел од Месецот на етно денови во Капитол Мол

Etno

 

Поддржувајќи ги традиционалните вредности, во духот на фолклорот, старите обичаи и приказните што се пренесуваат од генерација на генерација, Капитол Мол креираше концепт на настани за своите потрошувачи со кои сака да ги издигне, уважи и потенцира своите заложби за чување и негување на културното богатство и традицијата.

Семејно ориентиран и уникатен во пристапот и овој пат Капитол Мол креираше сет на активности, игри, подароци, претстави, награди и многу забава секој викенд.

На 24 октомври од 12 часот, Капитол Мол одново приредува детска, музичко-драмска претстава со маестро Зоран Џорлев, а ќе настапуваат и детските фолклорни таленти од друштвото Орце Николов.

„Со овој проект сакавме да покажеме дека сме „носители на традицијата“оние кои ја продолжуваат, учат и пренесуваат, бидејќи сметаме дека традицијата е таа од која ги црпиме сите вредности според кои живееме денес. Ги покануваме сите посетители и потрошувачи да дојдат и да уживаат во овој автентичен амбиент, да учествуваат во работилниците, да научат нешто за традицијата и да си заминат одовде со вредни награди“ – изјави Даниела Адемоска, сопственичка и генерален директор на Капитол Мол.

Дополнително, месец октомври во Капитол Мол е и месец на подароци.
Со секое пазарување над 500 денари се добиваат вредносни купони чии поени се генерираат и првите 223 учесници што ќе освојат најмногу поени добиваат вредни награди; првиот добива iPhone 6, вториот Sony Experia Т3 , третиот таблет, а и останатите ги очекуваат многу други награди.

За повеќе информации околу „Месецот на награди“ посетете ја веб-страната www.capitolmall.mk/podaroci

Капитол Мол. Твој мол. Твое место.