4Bowling корпоративно куглање со 50% ПОПУСТ!

ФОРМИРАЈ ЕКИПА И НАПРАВИ РЕЗЕРВАЦИЈА!
ПРОМОЦИЈА ЗА МЕСЕЦ МАЈ И ЈУНИ!
ЦЕЛА КУГЛАНА, ЧЕТИРИ ЛЕНТИ ЗА КУГЛАЊЕ, ДВЕ БИЛЈАРД МАСИ, 10 ЖЕТОНИ ЗА РЕКВИЗИТИ, ДВА ЧАСА, ЗА САМО 7500 ДЕНАРИ!!!

4Bowlling, современа професионална куглана лоцирана на третиот кат во Капитол Мол населба Аеродром, која заедно со игротеката Kids Park, пицеријата Pizza Hot и џус барот Divan го сочинува најголемиот семеен забавен центар Капитол Плеј.

Кугланата го негува американскиот начин на куглање кој се разликува од европскиот пред сѐ по тоа што има дупки за прстите на самите топки за куглање. Опремена е со 4 ленти за куглање од реномираниот бренд Brunswick, дисплеј за резултати, професионални топки како и патики за куглање.

За дополнителна забава, составен дел на кугланата од спортски и забавен карактер се и две професионални Brunswick билјард маси, а од недодамна забавните содржини ги збогатија и со нов забавен дел, реквизити за забава од типот на фудбалче, хокеј на мраз, кошарка, бокс и сл.
Убаво уреден и стилизиран ентериер, професионален шанк опремен со најразличен пијалак, професионален и ведар персонал кој Ви стои на располагање.

Постои можност за нарачка на кетеринг од локалите за храна во Капитол Мол пицеријата Pizza Hot и џус барот Divan.
Располага и со пространа тераса која се користи најчесто за следење на спортски натпревари и како место наменето за пушачи.
За време на досегашното постоење на 4Bowling кугланата соработува со повеќе од 40-тина компании кои ги користат нивните услуги првенствено за тимбилдинг сесии и закуп на простор за приватни забави од различен карактер.
4Bowling претставува идеално место за рекреација, освежување и подигнување на моралот на вработените т.е. корпоративно куглање.

Во зависност од обемот и масовноста на настанот за корпоративно куглање можен е дополнителен попуст на редовните цени за храна и пијалак кој ќе биде договорен при самата резервација.

За сите дополнителни информации и резервации тел: 070 280 586.
4Bowling Ве очекува!