4Bowling

| 🎱🎶🎳 |

4Bowling, опремена од водечкиот американски производител на опрема за куглање и билјард – Brunswick, e дизајнирана за да го претставува најдоброто место за забава, рекреација, дружење и освежување.

Современа, професионална куглана која го негува американскиот начин на куглање. Опремена е со 4 ленти за куглање, дисплеј за резултати, професионални топки, патики за куглање, и две професионални Brunswick билјард маси.

Убаво уреден и стилизизиран ентериер, професионален шанк и пространа отворена тераса.

Резервирајте навреме!

070 280 586

ИНСТРУКЦИИ ЗА БОУЛИНГ

Куглање е спортска игра која е генерално поделена на два дела, куглање на десет (ten-pin) и на девет кегли (nine-pin). Играта на десет кегли е позната како боулинг, а онаа на девет како класично куглање .
Во боулингот куглата има вообичаено три отвори, а тежината може да варира од 2,7 до 7,2 килограми. Играчот треба да избере кугла со тежина која може да ја држи со леснотија. Кога се држи куглата, палецот треба удобно да се прилагоди во дупката за палецот и треба со леснотија да може да се извлече и стави во неа. Куглата се фрла дирекно на патеката на која десете кегли се наредени во форма на триаголник, четири кегли во задниот ред, по нив три, две и една во првиот ред на средина на стазата.
Играчот фрла десет „frames“, односно 10 круга. Во секој круг може да фрла два пати за да ги „исчисти“ сите кегли. Доколку во првиот обид ги сруши сите (страјк), тогаш во следната постава бројот на срушени кегли се зголемува за плус десет. Доколку ги исчисти сите со две фрлања, тогаш се додава 10 на бројот на срушени кегли само во првиот обид од следниот круг.
Куглањето се препорачува на сите од 7 до 77 години, подеднакво и на мажите и жените. Овој спорт е корисен за сите за опуштање против напорниот стресен работен ден.
Зајакнување на умот, концентрација, координација на движење, натпреварувачки дух, се само некои од позитивните страни на овој спорт. Се зајакнуваат мускулите на рацете, нозете, грбните и стомачните мускули.
Без разлика на возраста, полот, дали сте спортист или рекреативец, нема шанси да не уживате во добра партија куглање.

РОДЕНДЕНСКИ ЗАБАВИ ЗА ДЕЦА НАД ОСУМ ГОДИНИ

Дружењето со 10 кегли претставува друштвена игра наменета за сите возрасти. Благодарение на позитивното чувство кое го предизвикува, натпреварувачкиот дух и забавата претставува одлична содржина за организација на роденденот на Вашето дете. Од безбедносни причини минимална возраст за организација на ваков тип на роденден е 8 години.
Куглање и мини диско забава со омилените хитови, добра храна и пијалак е одличен начин да се прослави еден од најпосебните денови за секое дете.
За таа цел 4Bowling Ви нуди:

4Bowling FUN без детско мени

4Bowling FUN без детско мени подразбира роденденско изнајмување на лента за куглање во времетраење од два часа. Кугланата останува отворена и за други посетители (до ограничувањето на капацитетот на кугланата од 80 луѓе).
Сите поканети деца (максимум 32 деца) добиваат право да куглаат по 8 деца на лента, а возрасните се сместени во кафе делот.
Доколку кетерингот за храна за децата или возрасните е организиран од 4Bowling или исклучиво од локалите за храна во Капитол (се приложува фискална од местото каде е набавена храната) цената за изнајмување лента изнесува 1500 денари.
Доколку кетерингот го организирате сами од надворешни локали цената за изнајмување на роденденска лента изнесува 2000 денари. Во тој случај задолжително се приложува фискална сметка и се потпишува изјава за преземање на одговорност за храна донесена однадвор.

4Bowling обезбедува:
➡️ Лента куглање за 2 часа за максимум 8 деца
➡️ Грицки
➡️ Прибор за храна и за торта (следува доколку кетерингот е исклучиво од игротеката)
➡️ Покани

4 Bowling FUN со детско мени

Овој пакет подразбира организација на роденденска забава со вклучено детско мени за секое дете парче пица и сокче. Бројот на лентите за куглање зависат од бројот на децата, максимум 8 деца на лента.

4Bowling обезбедува:
➡️ Лента куглање за 2 часа за максимум 8 деца
➡️ Детско мени (парче пица и сокче за секое дете)
➡️ Грицки
➡️ Прибор за храна и за торта
➡️ Покани

4Bowling SPECIAL

Овој пакет на роденден подразбира целосен закуп на 4Bowling без ограничување на бројот на деца (општото ограничување за безбедност се почитува максимум 40 деца).

4Bowling обезбедува:
➡️  4 ленти за куглање за 2 часа
➡️ Максимален број од 8 деца на лента
➡️ Грицки
➡️ Прибор за храна и за торта
➡️ Покани
➡️ За секое дете детско мени и детски сок

Дополнителни услуги

Kids Park нуди соодветно мени за храна (кетеринг) и мени за пијалак (според цените утврдени во менито). Повеќе за тоа во делот означен за ценовник.
4Bowling по барање на славеникот може да обезбеди надворешни забавувачи, најразлични маскоти, магионичар и сл.

Забелешки

Заради безбедност и квалитет, секој вид на храна донесен однадвор треба да се обезбеди со фискална сметка и потпишана изјава за преземање на одговорност за потеклото на храната.
Термините за роденден/прослава се закажуваат однапред, телефонски или лично. За гаранција на терминот се уплатува капар од 1000,00 денари, кој подоцна се одбива од финалната сметка.
Сите правила од куќниот ред на Кугланата важат и за време на роденденски и др. видови прослави.
Организаторот на роденденот треба да биде во Кугланата 15 минути пред почетокот на терминот и да биде присутен додека и последниот гостин не го напушти 4Bowling, се разбира во рамки на резервираниот термин.

ТИМБИЛДИНГ СЕСИИ И КОРПОРАТИВНИ АКТИВНОСТИ

Успешните компании чија примарна цел е постигнување на високо ниво на работна ангажираност на вработените користат најразлични начини и можности за грижа и задоволување на вистинските потреби на своите вработени.
Еден од начините е организирано слободно време на вработените и нивните семејства од страна на компанијата кое овозможува квалитетно поминато слободно време, опуштање од напорните работни часови и создавање на здрава, работоспособна и високо мотивирана личност која е несомнено најголемо богатство за секој работодавец.
Капитол Плеј претставува најголемиот семеен забавен центар кој нуди богата програма за забава, едукација и рекреација за сите возрасти и претставува одлично место за органзирано поминато слободно време на Вашите вработени и нивните семејства, тимбилдинзи и корпоративни настани.
Team Building-от опфаќа широк спектар на активности, вообичаено во деловен контекст, за подобрување на изведбата на тимот. Team building-от е важен во било која околина, а неговиот фокус и специјалност е да го извади на виделина најдоброто од тимот, со што би се осигурало саморазвивање, позитивна комуникација, меѓусебно запознавање и мотивирање на тимот.
4Bowling претставува идеално место за рекреација, освежување и подигнување на моралот на Вашите вработени.

ЦЕНОВНИК ЗА УСЛУГИТЕ НА 4BOWLING

Партија куглање со кафе макијато/еспресо или цедевита

140 денари (пон-пет до 16 часот)

Промо куглање

120 денари ( пон – петок по 16 часот)

Викенд куглање партија

140 денари

4Bowling пакет

куглање за 4ца 500 денари

Билјард

30 мин 140 денари

Билјард

60 мин 220 денари

РОДЕНДЕНСКИ ЗАБАВИ ЗА ДЕЦА НАД 10 ГОДИНИ

BOWLING FUN без детско мени
Храна исклучиво кетеринг од 4Bowling

Ø  1 лента куглање за 2 часа

Ø  Максимален број од 8 деца на лента

Ø  Грицки

Ø  Прибор за храна и за торт

Ø  Покани

 

Цена: 1.500 денари од лента

BOWLING FUN без детско мени
(Дозволен е внес на храна однадвор со приложување на фискални сметки и потпишана изјава, како и самостојно обезбедување на прибор за храна)

Ø  1 лента куглање за 2 часа

Ø  Максимален број од 8 деца на лента

Ø  Грицки

Ø  Прибор за храна и за торта

Ø  Покани

 

Цена: 2000 денари од лента

BOWLING FUN со детско мени

Ø  1 лента куглање за 2 часа за максимум 8 деца

Ø  Детско мени (парче пица и сокче за секое дете)

Ø  Грицки

Ø  Прибор за храна и за торта

Ø  Покани

До 16 деца            400 денари од дете
Над 16 деца          320 денари од      дете

BOWLING SPECIAL – Целосен закуп за роденден без ограничување на бр. на деца (од безбедносни причини се почитува максималниот број на деца да не надмине 40)

15.000 денари (со вклучено детско мени за секое дете)

 

МЕНИ за пијалак

 

МЕНИ ЗА КЕТЕРИНГ

 

Понуда менија за родендени  – Кидс Парк & 4Bowling

  1. Пакети за деца (вклучени во цената за роденденски пакети кои предвидуваат детско мени)

Пакет за деца – пица и сокче

Пица

  • Капричиоза (томатело, кашкавал, пилешка шунка , шампињони)
  • Везувио (томатело, кашкавал, пилешка шунка)
  • Маргарита (томатело, кашкавал)

Детски тетра сокчиња

  • Фруктал портокал, јаболко, мултивитамин, праска и пинго

 

  1. За возрасни

Понуда менија за родендени – Pizza Hot (3ти кат Капитол Мол)

пици

 

гол./фам.

Капричиоза

240/400

Везувио

210/380

Фунги

230/380

Маргарита

200/380

Вегетериана

240/380

Диаволо

250/400

Туна

260/420

Кватро формаџо

280/480

Парма

320/480

Македонска

250/450

 

ДАСКА 1

Пил.шунка

110гр.                                                              

Чад.говед.

100гр.

Кулен говед.  

80гр.

Сирење мешано

100гр.

Кашкавал крав.

100гр.

Шери  

30гр.

Фурнаринки 

300гр.

480 ден.

 

 

ДАСКА 2

Пил.прсти

300гр.                                                              

Онион рингс

200гр.

Пох. зденка  

150гр.

Пох. шамппињони  

150гр

Пох. маслинки

150гр

Ханимастер сос  

50гр.

Тартар сос

50гр.

Шери

30гр.

600 ден.

 

 

ДАСКА 3

Пох. кашкавал  

160гр.

Пох. зденка  

140гр.

Пох. маслинки

140гр.

Пох. моцарела

140гр.

Сирење мешано

120гр.

2 Пирошки  

260гр.

Тартар сос

100гр.

Шери

30гр.

720 ден.

 

 

ДАСКА 4

Гов. Пршута

50гр.                                                              

Чад. пилешко

100гр.

Мисиркина мартад.

80гр.

Кулен говед.

50гр

Пил. прсти

300гр

Кашкавал мешан  

100гр.

Сирење мешано

200гр.

Пох. зденка

150гр.

Пох. тиквици

120гр.

Пох. шампињони

100гр.

Крокети

100гр.

Фурнаринки

200гр.

Шери

30гр.

1080 ден.

 

 

ДАСКА 5

25 Канапеи

Говедско фрикандо

Кулен

Пилешки гради

Ајдамер

Намаз

Шери

Краставица

Маслинки

Тост лепче

650 ден.

 

 

Leave a Reply