ANHOCH ACTION

Kомпанијата ANHOCH на своите клиенти секогаш ќе се обидува да им понуди:

  • најквалитетни производи што моментално можат да се најдат на компјутерскиот пазар во светот
  • системи кои целосно ќе ги задоволат барањата на потрошувачите за перформанси, стабилност и привлечна цена
  • модерна и интерактивна презентација на хардверските експонати и на можностите на системите
  • сервис што во секое време и на секое место ќе им излезе во пресрет на корисниците и ќе биде подготвен да им одговори на предизвиците што ги носи развојот на технологијата

Лидерското место што го стекнавме на овие простори, со постоење од 1993 година и лансирањето на првите македонски модели што со себе го носат „заштитниот знак” за гаранција во беспрекорното работење (се разбира, станува збор за Altea и Goliath сериите) се сигурен доказ за досегашната реализација на целите и за големата доверба што ја поседуваме кај потрошувачите.

Во нашата компанија работат високостручни кадри кои целосно им се посветени на развојот и усовршувањето на продуктите што можете да ги набавите кај нас и тоа не само заради потребата да бидеме први на пазарот, туку да ви овозможиме и вам да бидете секогаш пред конкурентите.

Цврстото водство несомнено се должи и на софистицираниот маркетиншки пристап, како и на строгата професионалност во работата.

Во новиот салон ќе го најдете најголемиот избор и најнови производи од најпознатите светски брендови од ИТ, Аудио-Видео и Гејминг индустријата.

И овој пат следејќи ги популарните трендови АНХОЧ ACTION e опремен со ексклузивна ГЕЈМИНГ ЗОНА и посебна АУДИО СОБА, дизајнирани за едно поинакво искуство при купувањето!

Во ГЕЈМИНГ ЗОНАТА ќе можете директно да ги пробате и тестирате Вашите омилени гејминг производи, додека најголемиот избор и најголемата понуда на аудио опрема во АНХОЧ ACTION ќе може да ја почувствувате во посебно опремената АУДИО СОБА и да ја искусите моќта на звукот!

 

 

 

Categories

  • Електроника