Kids Store

Бренд кој сака да ги запознае луѓето со најважните потреби на детето

Kids Store е брендирана продавница за детска облека за возраст од 0 – 14 години која ги нуди најновите трендови, дизајни и ткаенини за потрошувачите. Се состои од трите најпрестижни турски брендови за детска облека Panco, Bucuruk и Joker.

Panco е турски бренд кој на пазарот се појавил пред повеке од 30 години. Се карактеризира со висококвалитетни материјали за изработка на облека, феноменален дизајн кој истовремено е практичен и комфорен. Исто така Panco е лиценциран произведувач на облека со брендовите Winx, Hannah Montana, Ben 10, High School, Sponge Bob, Dora, Cars i Bakugan.

Bucuruk е еден од омилените брендови за облека кај децата кој е единствен сертифициран бутик со лиценца од Disney. Материјалите од кои се изработува облеката се високо квалитетни, а јунаците на Disney на неа само ја прават приказната за истата да изгледа поубаво. Колекциите на Bucuruk се продаваат во преку 80 земји во светот.

Joker е детски бренд со седиште во Турција кој располага со квалификуван искусен и сигурен тим од најуспешните трговци на мало кои се посветени да ги исполнат сите стандарди во најновата мода. Тие дизајнираат над 3000 модели годишно, од кои над 1.200 модели за пролет/лето колекција и 1.200 модели за есен/зима колекција и над 300 модели за две меѓусезонски колекции. Најважно за овој бренд е тоа што работат според стандардите на здравјето на децата и нивните производи подлежат на 17 различни тестови.

Categories

  • Деца