Специјал

Највкусни пекарски производи

Специјал Продукт Дооел е пекарско-слаткарска фирма со 20 години традиција и искуство во овој сегмент од приватниот бизнис. Фирмата соработува со повеќе деловни партнери во смисла на нивно снабдување со лепеза од своите производи.

Ангажирани се над 120 работници со соодветни квалитети кои им овозможуваат навремено и квалитетно да ја завршат работата притоа почитувајќи ги соодветните зададени задачи. Со цел производите навремено и квалитетно да се произведат и достават до потрошувачите работата е организирана одлично во сите сегменти.

Производството се изведува во девет пекари со обезбеден магацински простор каде соодветно обучени работници ги произведуваат производите притоа користејќи современи машини и опрема. Секоја пекара има свое продажно место адаптирано во форма на млечен ресторан од каде производите во свежа состојба се нудат на потрошувачите.

Се тоа тоа соодветно се амбалажира во зависност од производот и барањата што тој ги поставува за да производите потоа со сопствен возен парк се пренесат до потрошувачите. Располагаме и со простор од 20.000 метри квадратни во којшто има изградено три фабрички хали кои се наменети запроизводство на пекарско-слаткарските производи од 2.000 метри квадратни со можност за проширување на сегашната дејност.

Categories

  • Храна и пијалок