Ајнштајн iПулт: Информирај се за дислексијата во Capitol Mall!

ПРОШЕТАЈ СЕ, ИНФОРМИРАЈ СЕ, ЕДУЦИРАЈ СЕ!
Оваа среда (31.10.2018), од 19:00 – 21:00 часот, направи нешто поразлично – дојди во Capitol Mall & Residence и посети го информативниот Ајнштајн iПулт на Здружение за дислексија Ајнштајн!

На информативниот Ајнштајн iПулт, секој ќе може да се информира за тоа:
➡️ што претставува дислексијата
➡️ како истата да се препознае
➡️ како и кои методи за корекција се застапени во Република Македонија

На пултот секој ќе може да земе за себе и промотивни материјали за дислексија каде што ги има сите потребни информации и да го разбере секојдневието на лицата со дислексија – верувајте секојдневно комуницираме со лица кои имаат дислексија, а не сме свесни за тоа!

#КАЖNDИСЛЕХИЈА и ти, бидејќи секое лице со дислексија е лице со можност за успешен и нормален живот.
Кажи и ти, #ништострашно – потребно е само многу #разбирање, #прифаќање и #поддршка!
Capitol Mall и Здружение за дислексија Ајнштајн се во октомвриска мисија за зголемување на свеста за дислексијата.

#КажиДислексија #ЈасЗнамШтоеДислексија #ајнштајн #capitolmall #dyslexia #дислексија #dyslexiaawareness

ПОВЕЌЕ НА https://www.facebook.com/events/906278162915436/