Back To School програма во Капитол Мол 02.09-03.09

Ја започнуваме новата сезона и го прославуваме стартот на новата учебна година со низа супер активности кои ќе се случуваат во рамките на нашиот трговски центар овој викенд.

Ги покануваме сите родители со своите најмили, сите баби и дедовци со своите внучиња како и сите друштва од одделение да ни се придружат на супер забава по повод Back To School.

Young Engineers Skopje Macedonia за интердисциплинарен пристап во изучување на наука, технологија, инженерство и математика со LEGO® коцки ќе има своја работилница за сите оние кои се спремни за предизвици и умствени игри.

Во сабота и недела со почеток од 12:00 часот бидете дел од оваа забавна дружина која ја носи играта со Lego коцки на едно повисоко ниво 🙂

Kids Park во сабота (03.09) организира одлични настани од 13:00-15:00 часот. За учебна година лесна како песна, ќе пееме со единствените ПОТОЧИЊА!
Креативно едукативна работилница со ПРОСВЕТНО ДЕЛО И ХЕЛЕН ДОРОН!
МАСКОТИ, МОДЕЛАТОРНИ БАЛОНИ И FACEPAINTING!
СЛАДОЛЕД и други вкусни изненадувања за секое дете посетител!

Забавниот дел го доверија на најдобрите за детска анимација Кловн Лили, предвидени се најразлични забавно-игровни активности, маскоти, facepainting, моделаторни балони, караоке, музичка пантомима и многу уживање во единствената игротека богата со содржини за детска анимација и непречена детска игра.

Влез за двочасовната забава со целокупната предвидена програма и вкусните изненадувања за секое дете само 120 денари!

 

Pharma S организираат одлична промоција за нивниот производ Vitosi кој е витамински производ наменет за дечиња над 3 години, содржи витамин D3 и Omega 3, чија што цел е подобрување на меморијата, концентрацијата и имунитетот. Неговиот третман е “додаток во исхраната“ кој не содржи вештачки бои, глутен, лактоза и шеќери и е со 100% природна арома.

Учествувајте во нивната наградна игра што ќе се случува на нивниот штанд и освојте си вредни награди 🙂

Ве очекуваме заедно да го дочекаме почетокот на уште една учебна година со многу дружење, насмевка и позитивна атмосфера <3