Бесплатни офталмолошки прегледи во Капитол Мол на 11.11 / 11-14 часот

Со задоволство ве известуваме дека во соработка со Лајонс Клуб Дуња, оваа сабота 11.11 од 11-14 часот сите посетители кои се заинтересирани а особени дечињата ќе имаат можност за бесплатен офтамолошки преглед за рано откривање на пречки во видот и превенција на очни болести во рана фаза.

Проектот за децата со оштетен вид (CwVI Project) е 5 годишен проект имплементиран од страна на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) и финансиран од Меѓународната фондација на Лајонс клубовите (ЛЦИФ) и Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).
Главниот фокус на проектот е да обезбеди писменост за децата со пречки во видот и нивниот пристап до образование.
Главната цел на проектот (CwVIP) е да се зголеми образовната можност за децата со пречки во видот како и детекција и превенција на очни болести во рана фаза.

CwVI во соработка со Здружението на офталмолозите, Универзитетската клиника за очни болести во Скопје и со приватната болница “Систина Офталмологија” ги извршуваат скрининзите.