Децата со Кидс Парк по повод денот на мајките

Водена од мотото Секогаш СО и ЗА децата игротеката по повод денот на сите мајки во недела со почеток во 14.30 часот организира голема креативно едукативна работилница проследена со богата програма од едукативен и забавен карактер.

Едукативниот дел Кидс Парк го довери на своите соработници Бреинобреин, интернационлна програма за деца од 4-14 години, која со посебни методи и техники овозможува да се подобри и да се реализира целосниот детски мозочен капацитет со цел секое дете во целост да ја разбуди својата генијалност.

Од самото постоење соработник на Кидс Парк во едукативна мисија е Просветно Дело кое и овој пат ќе овозможи децата да креираат и творат со високо квалитетни ликовни материјали нетоксични за нашето здравје и нашата околина а предвидени се и низа активности поврзани со две одлични детски изданиа Бонтон и Играв јас, сега играј и ти.
Креативниот дел е задача на луѓето кои имаат мисија да ги разубават најубавите настани на луѓето со уникатни декорации, креираат и организираат детски родендени со раскошни шеќерни маси и декорации а овој пат на нашите дечиња ќе им помогнат да направат уникатни честитки за своите мајки, наставнички, баби или тетки. Станува збор за Каталеја за деца и SecretS кои предвидоа и мали изненадувања за секое дете посетител на едукативно-креативната работилница.

Забавниот дел вклучува многу игра во магичниот свет на Кидс Парк, единствен со најбогата содржина за проактивна детска анимација. Играта е творечка активност која произлегува од внатрешните потреби на детето и е секогаш различна , поинаква и неповторлива. Играта сама по себе е среќа, а среќата во изобилство како на ниедно друго место ја има во Кидс Парк.

За многу, многу повеќе среќа Ве очекуваме во голем број!
Влез за двочасовната едукативна-креативна работилница за недела 14:30 часот изнесува 100 денари. Предвидени се изненадувања и награди за најдобрите изработки.