Денови на семејни игри

Капитол Мол од 7ми до 9ти јуни организира „Денови на семејни игри“ кои ќе се одржуваат од 17 до 21 часот. 

Платото пред трговскиот центар ќе биде претворено во семејна арена каде ќе се забавуваме, дружиме и натпреваруваме.

Два дена ќе играме и натпреваруваме во најразлични игри: школка, серва, ластик, минско поле, ќе вртиме хулахоп, ќе влечеме јаже, ќе составуваме 4, ќе решаваме рубикови коцки. А во сабота, најдобрите времиња ќе се натпреваруваат за вредносни подароци.

Но ако ова не е доволно, од 7ми до 9ти јуни од 19 до 21 часот ќе имаме ексклузивна можност да се запознаеме и дружиме со баскерџиите на овогодинешниот Buskerfest Macedonia. Секој ден 4 точки ќе бидат одиграни и одсвирени пред сите натпреварувачи и посетители на Капитол Мол.

Правила на учество:

Можност за учество ќе има секој кој ќе го пријави својот тим во порака на фан страната Capitol Mall & Residence на Facebook. Тимот мора да биде составен од еден возрасен и едно дете. Секој тим има можност да се пријави за било која игра во четврток или петок. Со победа на одредената игра тимот добива можност да го свтри „тркалото на среќата“ и да стане потенцијален добитник на утешна награда. Додека пак во сабота ќе се натпреваруваат сите тимови со најдобри резултати од кои победници ќе се добијат добитници на луди подароци.