„Дерма Фест 2.0 – Кажи ми што е нега“ на Капитол мол почнува денес!

Одвојте време за себе и за сопствената нега – Дерма Фест 2.0 – Кажи ми што е нега на Капитол мол почнува денес!

Петок и сабота, 16-ти и 17-ти ноември, Капитол мол ги посветува на негата на кожата

Минатата година илјадници посетители ја имаа шансата да се запознаат со начините како да ја негуваат својата кожа. Тие при посетата на Капитол мол воочија дека во модерното и динамично општество можат да одвојат време за себе и за своето семејство. Денес, петок, и утре, сабота, 16-ти и 17-ти ноември, Капитол мол одлучи да ги потсети сите дека негата е многу важна.

Второто издание на Дерма фест, е надградено и подобрено. Овие два дена од Дерма фест 2.0 – Кажи ми што е нега се посветени за негата на целото семејство. Од 12 до 22 часот на I кат сите заинтересирани за негата и здравјето ќе ја имаат можноста да се информираат, едуцираат, забавуваат и наградуваат. За разлика од минатата година, денес поголем дел од агендата ќе биде резервирана за експерти од полето на негата.

 

Денес, петок, 16.11.2018, може да се проследат следните активности:

– 12:00 – 13:00 – МОДЕРНА БИТКА НА ЖЕНАТА: СО ЗДРАВО ОРУЖЈЕ И НЕГА ПРОТИВ ЕГЗЕМАТА – Панел дискусија и совети од д-р Горица Дачевска – спец. дерматовенеролог

– 13:00 – 14:00 – СЕКОЈДНЕВНИ ПРЕДИЗВИЦИ НА ЖЕНСКАТА УБАВИНА ВО 21 ВЕК – Панел дискусија поддржана од Женски Магазин

– 16:00 – 17:00 – ПАНЕЛ СОВЕТИ – НЕГА ВО ЗИМА ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ со м-р фарм. Сања Јовевска – Поддржано од Sebamed Македонија

– 17:00 – 19:00 – BEAUTY AFTER-WORK! ВРЕМЕ ЗА НЕГА! Каде најбрзите и одбраните со сметка од над 500 денари, направена во Капитол мол во месец ноември ќе може да добијат третман во живо!

– 17:00 – 17:30 – Третмани и тестирање на креми во живо – Поддржано од Collistar

– 17:30 – 18:00 – Третмани за лице во живо – Поддржано од Uriage

– 18:00 – 18:30 – Третман со филер за усни во живо – Поддржано од Anti Aging Center на Promoitalia. Пополнување на усни со хијалуронски филер Teosyal RHA 3.

– 18:30 – 19:00 – Третмани за лице во живо и Панел дискусија со д-р Весна Ѓорѓиеска, доктор за Anti-Aging медицина. Поддржано од Derma Bella!

– 19:00 – 20:00 – ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА со д-р Слободан Ѓеоргиев – Поддржано од ПЗУ Поликлиника ДентаЕстетика

 

Утре, сабота, 17.11.2018, посетителите ќе ги очекува:

– 12:00 – 14:00 – ДЕТСКА РАБОТИЛНИЦА – МОЌНА НЕГА! Поддржано од Бора Македонија, ЈЗУ ГАК & Просветно дело

– 14:00 – 15:00 Тајландска Јога Масажа во ЖИВО со Атанас Мукоски – Поддржано од Ancient Minerals Македонија Gel

– 15:00 – 16:00 Кршење на табуа со кајакарот Атанас Николовски – Жените сакаат силни и негувани мажи! Негата на брадата и кожата е секојдневние за урбаниот маж!

– 16:00 – 17:00 Панел совети со д-р Емилија Минова, дерматоловенеролог од Неуромедика – Правилна нега на женската нежна кожа во студените денови.

 

Време е сите да одвојат малку време за себе, својот мир и својата кожа.