Дерма Фест 2017 во Капитол Мол 08.06 – 11.06

Немаш време за Себе, а потребен ти е совет за нега на сопствената кожа?

За првпат во Македонија настан посветен само за нега на кожата. Дерма Фест со уникатна можност за сите посетители да се информираат преку бројни дерматолошки и стручни совети за тоа како да ја подобрат сопствената кожа.

На едно место секој може да добие совет единствено што треба е да приложи фискална сметка од мин. 500 денари од било кое продажно место во молот и датумот да биде во времетраење на самиот настан, да се информира за својот поволен третман на кожа, да избере меѓу повеќе медицински и козметички препарати на едно место.

Дермa Фест е со времетраење од 4 дена, односно од 08.06 – 11.06 во Капитол Мол, со поставени излагачи на приземје и на први кат.

Агенда:

08.06.2017 – четврток
11:00 – 21:00
09.06.2017 – петок
11:00 – 21:00
18:00 – 21:00 – Турнир со семејни игри за сите деца и родители, поддржано од МАЈА Вода
10.06.2017 – сабота
11:00 – 21:00
11.06.2017 – недела
11:00 – 21:00

Овој настан соединува повеќе аспекти, односно, повеќе категории – здрава храна која што влијае врз здравственото и психолошкото здравје врз луѓето; дерматолошки совети и ваучери кои би го збогатиле знаењето кај сите луѓе кои сакаат подетално да се информираат за состојбата на сопствената кожа; медицински препарати коишто би им помогнале на посетителите на вистински начин да ја негуваат сопствената кожа.

Учесници на настанот се : BETTY Аптека, МAYA Вода, Реина и GUAM козметика, Avene, Таива, ДМ, Рамстор, Еликсир Ексклузив и козметика Lancome i Biotherm, Биокулт, Топ Шоп и Анифарм.

Кожата е одраз на твоето здравје. Дознај совети и третмани за подобрување на кожата и твојот изглед.

Најди време за СЕБЕ! Единствениот настан за нега на кожата од 08 – ми до 11-ти јуни во Твојот мол, на Твоето место, во Капитол Мол.