Детска недела во најголемиот семеен забавен центар Kids Park & 4Bowling во Капитол Мол

По традиција како и изминатата година најголемиот семеен забавен центар Капитол Плеј по четврти пат е организатор на Детска недела во соработка на Просветно дело.

Проектот ,,ДЕТСКИ ПРАВА ЗА ИДНИНА ЗДРАВА,, е проект наменет да се реализира по повод детската недела 05.10.2017- 13.10.2017г. на кој учениците со своите наставници би учествувале преку групна посета на едукативна работилница на тема Детски права и здрава животна средина, и тоа за децата до 10 годишна возраст едукативната работилница ќе се одржи во едукативниот центар на Кидс Парк, додека децата над 10 годишна возраст ќе имаат прилика да учествуваат на едукативна работилница во кугланата 4Bowling.

Реализатор: Кидс Парк и 4Bowling во соработка со Просветно дело

Содржина: Детски права (Конвенција за детски права)

Времетраење: 90 минути

Цена по дете: 60 денари/80 денари со сокчe

Цел на едукативната работилница:

– запознавање со детските права и обврски

– поттикнување и развивање на хуманоста кај детето

– користење на нетоксични ликовни материјали, произведени на соларна енергија со кои децата ќе креираат и ќе се забавуваат, но и ќе инвестираат во здрава животна средина

– подигнување на свеста кај родителите и учениците за важноста на користење на еколошки производи.

– Користење на детското право на игра во една опуштена и креативна средина

– Запознавање со куглањето како спортска дисциплина, теоретски и практичен дел

– Запознавање со куглањето како рекреативен и тренинг спорт

– Развивање на самодоверба и напреварувачки дух, формирање на карктер

– Потикнување на желбата за спорт и спортски успеси како еден од ефективните заштити од бројните пороци и штетните влијанија на современото, динамично општество.

Секое одделение и одделенски наставник ќе добие благодарница за учество на едукативната работилница по повод детската недела.

Нивната мисија е секогаш СО и ЗА децата!

Минатата година Детската недела заради преголемиот интерес траеше цели 10 дена и преку 700 деца земаа учество на креативно едукативните работилници.

Информации и пријавување на телефон: 071 305 976