Е-КАПИТОЛИЈАДА

Во насока на јакнење на јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето, Нула Отпад ДОО Скопје во соработка со Капитол мол и Општина Аеродром покренуваат иницијатива за изработка на маски од електричен отпад кои ќе бидат презентирани на првоаприлското дефиле во Капитол мол под името Е-КАПИТОЛИЈАДА. ❤

На првоаприлското дефиле право на учество ќе имаат сите деца од општина Аеродром, со тоа што треба да се ученици од 1-во до 9-то одделение, кои ќе изработат креативна маска во која ќе имаат вклучено најмалку 3 стари и неисправни електронски и електрични уреди или стари и потрошени батерии. ❤😍

Во Капитол мол во период од 25-ти до 31-ви март, на првиот кат, ќе биде изложена креатива, каде сите деца кои изработиле маска од електричен отпад ќе треба да се фотографираат пред изложената креатива. Фотографиjaта треба јавно да биде споделена на социјалните медиуми со соодветен хаштаг од #capitolmall, #нулаотпад, #oпштинааеродром и означување на профилот на Капитол мол. 😍

На 1-ви Април, 20 деца кои ќе соберат НАЈМНОГУ ЛАЈКОВИ на сликата, ќе бидат поканети на првоаприлското дефиле во Capitol Mall & Residence. MАСКАТА ТРЕБА ДА БИДЕ ИНДИВИДУАЛНА, НЕ ГРУПНА!

НУЛА ОТПАД, за најдобрите три маски кои ќе бидат изгласани од жирото на Е-КАПИТОЛИЈАДА, ќе обезбеди ТРИ ГЛАВНИ НАГРАДИ. 🌟 Прва награда хуаборд, втора награда дрон, и трета награда паметен часовник.🌟

За останатите учесници на карневалското дефиле Капитол мол спрема дополнителни изненадувања. 😀

Приклучи се и ти на оваа ЕКО кампања и биди дел од првоаприлското дефиле на ЕКО маски во Капитол мол. 😀