Хуманитарен базар за звучни апарати за лицата со оштетен вид во Капитол Мол

На 22 и 23 декември, во Капитол мол ќе се одржи хуманитарен базар на кој околу 20 артисти ќе ги изложат своите ракотворби. Од средствата собрани од хуманитарниот базар ќе бидат купени специјални звучни апарати за мерење шеќер и притисок наменети за лицата со оштетен вид.

Ќе биде поставена донаторска кутија, па секој минувач кој ќе донира сума во донаторската кутија ќе добие рачно изработен подарок.

ПРОГРАМА НА НАСТАНОТ

Петок 22.12
– Акција ,,Купи производ повеќе“. Пред супермаркетот во Капитол мол ќе биде пставен пункт за собирање прехрамбени производи и средства за хигиена кои на крај од акцијата ќе се спакуваат во пакети и ќе се дадат во социјално загрозени семејства во договор со Центарот за социјална работа.

Сабота 23.12
– Волонтерите на Црвениот крст на град Скопје подготвија едукативни флаери во кои има инструкции како да постапуваш со слепо лице.Ќе бидат делени на сите посетители на хуманитарниот базар
– Членовите на Лајонс клубот Св.Пантелејмон Скопје ќе делат информативни флаери за нивните активности
– Учесниците на работилницата Декемвриска магија на кретаивниот центар „Звезда“ ќе им делат на посетителите рачно изработени новогодишни честитки, а за возврат очекуваат донација во кутијата
– Музичка програма од учениците од Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид-Димитар Влахов
– Јавна продажба на уметничка слика – сопственост на Kапитол Mол

Ова е одличен предлог за тоа како паметно да го потрошите следниот викенд.