Иџе се тркаше со своите фанови!

Тукушто вратен од големата победа на Nurburgring Иџе се соочи со својот најголем предизвик – се тркаше со своите обожуватели!

Нашите пријатели од Мотоцентар организираа несекојдневен настан, и им овозможија на фановите на Игор Стефановски – Иџе – да се натпреваруваат токму со својот идол! Фановите во текот на вчерашниот ден имаа можност самите да поставуваат рекордни времиња на возачки симулатори, а на крајот на денот токму Иџе дојде да ги предизвика и да проба да го победи најдоброто време.

Секако, Иџе не би бил Иџе доколку не успее да го направи токму тоа – но фановите не му замерија – напротив, тие уживаа во предизвикот и во можноста да ги пробаат своите можности токму против толку добар возач. Најдобри времиња поставија Дарко Давидовски, Дарко Јовановски и Јасмин Идризовиќ.

Тие добија подароци од Мотоцентар и можност да се запознаат токму со Иџе, кој насмеан одвои време за своите фанови. Им честитаме на резултатите, а на Иџе му посакуваме да продолжи да реди успеси и понатаму!