Известување за скратено работно време на т.ц. Капитол мол

Во врска со настаните и состојбата во Р. Северна Македонија, ве известуваме дека врз основа на препораките на Министерството за здравство како и одлуките на Владата на Р. Северна Македонија, Капитол мол воведува скратено работно време на трговскиот центар од 11:00 до 19:00 часот. Новото работно време започнува од денес 14.03.2020 година. Промената на работно време ќе остане се додека Владата на Република Северна Македонија не донесе одлука за работата на трговските центри во државата. Заради потребите на граѓаните маркетот и аптеката во Капитол мол остануваат да работат со редовно работно време од 08:00 до 22:00 часот.

Во интерес на здравјето на сите нас упатуваме апел за општествено одговорно однесување

Со почит,
ТЦ КАПИТОЛ МОЛ