Капитол мол со 3 дена попусти, шопинг и забава

Од 16 – 18 Февруари, во нашиот трговски центар ВЕ ОЧЕКУВА УЛТРА РАСПРОДАЖБА!

Со цел да се триплира искуството, во трговскиот центар попустите ќе траат три дена.

Со попусти до 70% очекуваме посета од илјадници луѓе. Секој кој е цврсто убеден во својот стил, ќе ја има можноста да го пронајде своето омилено модно парче додека трае оваа ултра промотивна акција. Попустите ќе важат во скоро сите продавници и може да се најдат прекрасни модни додатоци како часовници, декоративна козметика и облека. Љубителите на шопингот кои ќе бидат дел од ова ултра-уникатно искуство ќе го освежат својот стил и ќе ја надополнат својата гардероба со омилените производи по неодоливи цени намалени до дури -70%

Во нашиот трговски центар можете да ги најдете популарните Sport Vision, Top Shop, Tudors, Lisca, LC Waikiki, Koton, DM, Setec, Крш, Carter’s, Tilla и други. Покрај шопингот, за време на распродажбата, целото семејство може да се забавува во 4Bowling, додека малите уживаат во Kids Park.

Со години Капитол Мол посветува исклучителна грижа за сите свои посетители преку организирање на забавна програма, интересни активности и незаборавни промоции, во секој дел од годината. Секој кој го посетува Капитол Мол е сведок на уникатно и пријатно искуство, исполнето со забава, среќа и радост.