Капитол Мол ќе ги исклучи светилките за часот на Планетата Земја

Стартувајќи како симболичен настан во Сиднеј во далечната 2007 година, Часот на планетата Земја прерасна во најголемата светска еколошка акција која инспирира и обединува поединци, заедници, бизниси и организации во повеќе од 180 земји и територии ширум светот да преземат заедничка акција за домот кој сите го делиме!

На ден пред одбележувањето на најголемата светска еколошка акција Часот на планетата Земја, чест ни е да ве информираме дека Капитол Мол ќе учествува во истата.

Оваа година, Часот на планетата Земја ќе се одржи на 24 март (сабота), кога во 20:30 часот по локално време во мрак ќе потонат над 8.000 града во преку 180 држави ширум светот, а меѓу нив дел е Македонија и секако нашиот трговски центар.

Ве покануваме сите да го проследите заедно со нас овој уникатен настан посветен на нашата единствена планета Земја!