Капитол мол привремено престанува со работа

Според одлука на Кризниот штаб на Владата на Р. Северна Македонија објавена на 14.03.2020 за затворање на сите трговски центри низ земјата, продавниците и угостителските објекти во трговскиот центар Капитол Мол, привремено престануваат со работа.

Како превентивна мерка од ширење на корона вирусот, Капитол мол ја почитува и поддржува донесената одлука и привремено престануваат со работа сите продавници и угостителски локали во трговскиот центар, сѐ до донесување на нова одлука на Владата на Р. Северна Македонија. Во меѓувреме Капитол мол продолжува со препорачани мерки за дезинфекција на просторот во трговскиот центар.

Маркетoт Ramstorе, дрогеријата dm и аптеката DNA Anni farm во Капитол мол продолжуваат да работат со редовно работно време од 08:00 до 22:00 часот.

Капитол Мол упатува апел за општествено и одговорно однесување на посетителите во интерес на јавното здравје.