КИДС ПАРК СЕКОГАШ СО И ЗА ДЕЦАТА

Заедно со Вас во сите убави мигови, па и за почетокот на новата учебна година!
Голема  Back to school party за сите дечиња и родители!

Сабота 1септември 12:00-14:00 часот.

За учебна година лесна како песна, пееме со единствените ПОТОЧИЊА!
Креативно едукативна работилница со ПРОСВЕТНО ДЕЛО,
МАСКОТИ, МОДЕЛАТОРНИ БАЛОНИ, МИНИ ДИСКО, ИНТЕРАКТИВНИ ИГРИ И FACEPAINTING!
СЛАДОЛЕД И ВКУСНИ ИЗНЕНАДУВАЊА за секое дете посетител!
Вкусови во кои ужива секое дете!
Богата програма од забавен и едукативен карактер.

           

Единствените ПОТОЧИЊА ќе пеат за Вас во Кидс Парк за учебна година лесна како песна. Детскиот фестивал Поточиња на македонската сцена за прв пат се појави во 2004 година. Со своите песнички за брзо време ги освои срцата на најмалите љубители на музиката и редовно секоја година со своето одржување ја најавува пролетта. Овие песнички со својата содржина и певливост им овозможуваат на најмладите да зачекорат во светот на семејството, училиштето, здравите навики, природата, екологијата, бајките и сказните.
Од самото постоење соработник на Кидс Парк во едукативната мисија е Просветно Дело кое и овој пат ќе биде присутно на креативно-едукативната работилница со високо квалитетни ликовни материјали нетоксични за нашето здравје и нашата околина и ќе овозможат дечињата да творат и да ја изразат својата креативност на најдобар можен начин.

За сите деца посетители за време на забавата обезбедени се многу вкусни изненадувања од Колид Фудс и  Фриком, како што доликува летото треба да се испрати со сладолед и вкусни изненадувања

Убав настан за убав повод!
Влез за двочасовната забава со целокупната предвидена програма и вкусните изненадувања за секое дете само 120 денари!

За повеќе радост и повеќе среќа Ве очекуваме во што поголем број!