Kids Park заедно со Вас и за почетокот на новата учебна година!

КИДС ПАРК СЕКОГАШ СО И ЗА ДЕЦАТА

Заедно со Вас во сите убави мигови, па и за почетокот на новата учебна година!
Голема Back to school party за сите дечиња и родители!

Сабота 2септември 13:00-15:00 часот.
За учебна година лесна како песна, пееме со единствените ПОТОЧИЊА!
Креативно едукативна работилница со ПРОСВЕТНО ДЕЛО И ХЕЛЕН ДОРОН!
МАСКОТИ, МОДЕЛАТОРНИ БАЛОНИ И FACEPAINTING!
СЛАДОЛЕД и други вкусни изненадувања за секое дете посетител!
Вкусови во кои ужива секое дете!
Богата програма од забавен и едукативен карактер.

Единствените ПОТОЧИЊА ќе пеат за Вас во Кидс Парк за учебна година лесна како песна. Детскиот фестивал Поточиња на македонската сцена за прв пат се појави во 2004 година. Со своите песнички за брзо време ги освои срцата на најмалите љубители на музиката и редовно секоја година со своето одржување ја најавува пролетта. Овие песнички со својата содржина и певливост им овозможуваат на најмладите да зачекорат во светот на семејството, училиштето, здравите навики, природата, екологијата, бајките и сказните.
Од самото постоење соработник на Кидс Парк во едукативната мисија е Просветно Дело кое и овој пат ќе биде присутно на креативно-едукативната работилница со високо квалитетни ликовни материјали нетоксични за нашето здравје и нашата околина и ќе овозможат дечињата да творат и да ја изразат својата креативност на најдобар можен начин.
Како и секој пат на своите настани, Кидс Парк до родителите и децата претставува квалитетни едукативни програми кои се од големо значење за образовниот аспект и правилниот раст и развој на децата.

Овој пат за Вас во Кидс Парк се едукаторите од Хелен Дорон, глобална институција со преку 30 години на искуство во успешно учење на Англиски јазик за деца на сите возрасти. Модерна технологија, квалитетни дидактички материјали и импресивна методологија базирана на постоечките научни факти е тоа што го прави процесот на учење на Англискиот јазик да е забавен.
Зошто децата сакаат да учат Англиски јазик и постигнуваат одлични резултати во Хелен Дорон училиштата дознајте на креативно-едукативната работилница која ќе ја реализираат специјално обучени едукатори на Хелен Дорон програмата.
Забавниот дел го доверивме на најдобрите за детска анимација Кловн Лили, предвидени се најразлични забавно-игровни активности, маскоти, facepainting, моделаторни балони, караоке, музичка пантомима и многу уживање во единствената игротека богата со содржини за детска анимација и непречена детска игра.

За сите деца посетители за време на забавата обезбедени се многу вкусни изненадувања од соработниците Фриком и Колид Фудс.
Вистинско задоволство, сладолед и вкусни изненадувања за секое дете посетител на забавата, многу игра, забава и наградни изненадувања.
Убав настан за убав повод!
Влез за двочасовната забава со целокупната предвидена програма и вкусните изненадувања за секое дете само 120 денари!