KIDS PARK

Игротеката Kids park претставува една од најголемите игротеки во Македонија. Место на кое дечињата ќе имаат прилика да ја поттикнат креацијата, да ја поткренат едукацијата и да уживаат во забавата.

На близу 400м2 дечињата ќе ја добијат својата вистинска “џунгла” од играчки: balloon house, hamster cage, rotating mini bar, pencil swing, goal counter и многу други содржини за нивна проактивна занимација. Особено атрактивни и интересни се ѕидовите во игротеката на кои што се насликани најразлични животни, дел од нив и во нивната природна големина, кои го создаваат амбиентот на вистинска џунгла.

Дел од игротеката е конципиран како огромен базен во кој дечињата ќе може да уживаат во безгрижна и пред се, безбедна игра со безброј топчиња. Автентична атмосфера прават и специјалните палми наменети за вртење на најмладите, а на располагање им се и големи трамболини за скокање. Дел од подот е претворен во sensory piano, големо пијано кое испушта звуци кога се гази.

Во делот предвиден за роденденски забави има многу детски реквизити со кои што можат да се постигнуваат различни ефекти и дечињата вистински да уживаат во деновите кои најмногу ги сакаат и цела година ги очекуваат.

Во склоп на игротеката, во работните денови, функционира Едукативен центар кој во фокусот на своето работење има работа со деца на предучилишна и рана училишна возраст со главен приоритет организација на едукативни работилници во една опуштена и пред сѐ креативна средина.

Современата, ефикасна и квалитетна програма изведувана од искусни педагози е прилагодена на потребите и интересите на децата и овозможува поттикнување на интелектуалниот, емоционалниот, физичкиот, менталниот и социјалниот развој на детето, негување на индивидуалните интереси и способности, развој на самостојноста и правилно користење на слободното време.

Едукативниот центар исто така нуди и програма за рано изучување на aнглискиот јазик, како и специјално креирана програма за танц и ритмичка гимнастика. Овие програми се реализираат на месечно ниво, два пати во неделата во точно утврдени термини и во времетраење од 60 мин.

Работно време: секој работен ден од 10-16 часот

Едукативниот центар вo претпладневниот период е наменет првенствено за деца на предучилишнаи рана училишна возраст и претставува концепт на креативна едукација креирана за сите родители кои сакаат нивните деца да ги прошируваат своите знаења и да се развиваат во согласност со нивните интереси и развојниот период во кој се наоѓаат.

Високо квалификуваниот тим на педагози има главна задача да создаде средина во која децата ќе наидат на поволни услови за поактивен физички и психички развој, како и да обезбеди слобода за движење и изразување на творечките потенцијали на децата.

Програмата го почитува и практикува индивидуалниот пристап кон секое дете во зависност од неговите можности, потреби и афинитети. Просторот и активностите се организирани според развојното ниво на секое дете со тоа што самата програма излегува во пресрет на природната потреба на децата постојано да бидат активни, да создаваат, да истражуваат, да учат на начин кој тие самите ќе го одберат.

Програмата вклучува тематско планирање на активностите кои во голема мера ќе бидат определувани од детските можности и интереси, од детското специфично доживување на реалноста која се обидуваме да ја опфатиме на најширок можен начин.

Пристапот во учењето и прифаќањето на нови знаења е иновативен, креативен и секогаш различен. Неопходно е на децата да им покажеме нови начини на изразување, нови предизвици, нови места. Доволен е поинаков поглед на работите, промена на рутината, нова боја, нов облик, материјал, мисла, авантура, да се разбудат сите сетила и да се разубави денот на многу различни начини.

Стекнување на богато и разновидно сетилно искуство, оплеменување на емоции, создавање на трајни мотивации за креативно делување, откривање и истражување се само дел од придобивките од квалитетно поминатото време на децата во нашиот центар.

Тековни активности на едукативниот центар(на база на двонеделни посети на месечно ниво во времетраење од еден час):

  • Англиски низ забава – English for fun

Програмата е наменета за деца од 3-6 години и ја реализираат педагози кои ја ускладуваат и прошируваат детската претстава и свест за околината на македонски и англиски јазик. Се состои од низа различни дидактички пристапи преку кои се почитуваат индивидуалните потреби и интереси на секое дете. Децата во сопствен ритам ги откриваат и развиваат своите способности при тоа учејќи на спонтан и забавен начин, преку кое се создаваат трајни мотивации за понатамошно изучување на англискиот јазик.

Искуствата кои децата ги стекнуваат во раното детство во голема мера го одредуваат нивниот став кон животот и подоцнежното учење, кое на таа рана возраст не треба да претставува обврска, туку радост и задоволство. Тоа може да се оствари само во средина која потикнува, дава прилика за креативност и предизвици.
Особините својствени на детската природа изразени преку потребата за истражување и откривање на нови работи, иницијативност, отвореност, љубопитност… одат во прилог на секое учење па така и на учење на странски јазик. Децата всушност странскиот јазик го усвојуваат на еден природен начин, преку истите механизми кои ги користат при усвојување на мајчиниот, и со самото тоа приодот кон изучувањето е далеку различен од оној на возрасните.

Низ игра, песна, глума, цртеж, насмевки и дружење со врсниците, педагозите развиваат кај децата свест и чувство на заедништво, одговорност на поединецот во групата како и свест за индивидуалните карактеристики на поединецот, се поттикнува натпреварувачкиот дух, се учат на трпение но и правила со кои се регулира наставата.

Покрај комуникативните преку активностите децата усвојуваат и развиваат и други способности како што се фина моторика, логично заклучување, љубопитност, концентрација, креативност и соработка.

Роденденски забави

Игротеката нуди уникатен и специфичен амбиент за прославување на најважниот ден за секое дете, денот кој со нетрпение се очекува цела година.

Како резултат на смислена организација, планирање и системска работа на тимот на искусни педагози и други стручни соработници понудата за овие убави и значајни моменти за секое дете се состои од богата програма која во фокусот на своето внимание го има славеникот, неговите желби и интереси. Секако одговорноста за насмеаните изадоволни дечиња ја превземаме целосно, безрезервно и на наше големо задоволство.

Содржината на програмскиот дел (по избор на славеникот):

  • Костимизирана забава

По избор на славеникот се одбираат костими за сите дечиња и се изведуваат тематски игровни активности, внимателно избрани од тимот на педагози на игротеката.

  • Караоке-диско забава

Неверојатна забава преку музички изведби со микрофон во рака на омилените песни како и танцови изведби и кореографии на песни кои го карактеризираат развојниот период на славеникот и неговите интереси, како и специфичен избор на музички нумери и изведувачи.

  • Twister забава

Познатата американска игра Твистер не само што е одлична забава за децата, туку е и одлична физичка вежба со која се подобрува нивната еластичност. Се игра на гумирано платно на кое има четири реда со 4 бои (сина, жолта, зелена и црвена) и со помош на стрелка која се врти се одредува каде играчот треба да стави одредена рака или нога. Поради малиот број на обоени кругови, играчите често се доведуваат во невообичаени позиции, што евентуално предизвикува некој од играчите да падне. Играчот испаѓа и во случај да го допре подот со лактот или коленото. Иако нема ограничување на бројот на играчи, повеќе од четворица би било многу. Доколку бројот на деца е поголем, може да се делат во групи, парови, итн.

  • Креативен роденден

Програмата на игротеката овозможува во текот на роденденската забава децата да поминат краткотрајна изведба на една креативна активност која ќе биде по избор на славеникот. Лепење, боење, сечење и рециклирање се само дел од активностите кои на крај ќе резултираат со креативна изработка која секое дете ќе си ја задржи за себе. Во текот на активноста во континуитет постои едукативно – образовна интеракција со децата поврзана со темата на активноста која ја работат.

Роденденски пакети

Ценовник за Роденденски пакети
JUNGLE FUN без детско мени (роденденска забава од отворен тип) Цена: 3000 денари
JUNGLE FUN со детско мени (роденденска забава од отворен тип) До 15 деца 380 денари од дете
Над 15 деца 280 денари од дете
JUNGLE SPECIAL – Целосен закуп без ограничување на бр. на деца(од безбедносни причини се почитува максималниот број на деца да не надмине 80) 15.000 денари (со вклучено детско мени за секое дете)
Facepainting 700 денари
Креативен роденден 1.000 денари

JUNGLE FUN без детско мени

JUNGLE FUN без детско мени е отворен тип на роденден. Игротеката останува отворена и за други посетители (до ограничувањето на капацитетот на игротеката до најмногу 80 деца).

Сите поканети деца добиваат право неограничено да си играат во сите делови на игротеката, а возрасните се сместени во кафе делот. Kids Park ги обезбедува сите услови за забава и анимирање на деца до 12 годишна возраст предвидени со програмата за роденденски забави и по избор на славеникот:

  • Простор за 2 часа
  • Прибор за храна и прибор за торта
  • Грицки
  • ЦД со фотографии
  • Покани
  • Анимација (мини диско, караоке, креативна игра и анимација)

JUNGLE FUN со детско мени

JUNGLE FUN со детско мени е отворен тип на роденден. Игротеката останува отворена и за други посетители (до ограничувањето на капацитетот на игротеката до најмногу 80 деца).

Сите поканети деца добиваат право неограничено да си играат во сите делови на игротеката, а возрасните се сместени во кафе делот. Kids Park ги обезбедува сите услови за забава и анимирање на деца до 12 годишна возраст предвидени со програмата за роденденски забави и по избор на славеникот:

  • Простор за 2 часа
  • Прибор за храна и прибор за торта
  • Грицки
  • ЦД со фотографии
  • Покани
  • Анимација (мини диско, караоке, креативна игра и анимација)
  • За секое дете специјално детско мени и детски сок

JUNGLE SPECIAL

Овој пакет на роденден – предвидува целосен закуп на Kids Park (општото ограничување за безбедност се почитува максимум 80 деца). Kids Park обезбедува:

  • Сите услови за забава и анимирање на деца до 12 годишна возраст предвидени со програмата за роденденски забави и по избор на славеникот
  • За секое дете специјално детско мени и детски сок

Дополнителни услуги

Kids Park нуди соодветно мени и пијалоци за возрасните (според цените утврдени во менито).
Kids Park по барање на славеникот може да обезбеди надворешни забавувачи најразлични маскоти, магионичар и сл.

По барање на славеникот Kids Park нуди facepainting, како и организација на креативен роденден (во текот на роденденската забава децата да поминат краткотрајна изведба на една креативна активност која ќе биде по избор на славеникот. Лепење, боење, сечење и рециклирање се само дел од активностите кои на крај ќе резултираат со креативна изработка која секое дете ќе си ја задржи за себе).

>> КЛИКНЕТЕ ТУКА ЗА ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ ПОНУДАТА НА ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ

Забелешки:

Термините за роденден/ прослава се закажуваат однапред, телефонски или лично. За гаранција на терминот се уплатува капар од 1000,00 денари, кој подоцна се одбива од финалната сметка.

Сите правила од куќниот ред на Kids Park важат и за време на роденденски и др. видови прослави.
Организаторот на роденденот треба да биде во игротеката 15 минути пред почетокот на терминот и да биде присутен додека и последниот гостин не го напушти Kids Park, се разбира во рамки на резервираниот термин.

ЕДУКАТИВЕН ЦЕНТАР

Услуга Работно време Цена
Едукативен дневен центар секој работен ден од 10 – 16 часот 150 ден /час
English for fun – едукативна работилница
двапати неделно во времетраење од
60 минути на месечно ниво
среда и петок 15:30 – 16:30 1.200 денари

ДНЕВНИ КАРТИ

Дневни карти (со задолжително присуство на родител за деца под 5 години)
Еден час 120 ден.
Два часа 180 ден.
Целодневна карта 220 ден.
Среќен час (пон – пет 10:00 – 16:00) 100,00 денари со детско сокче.

ЗГРИЖУВАЊЕ НА ДЕЦА

Згрижување на деца над 4 год.
Исклучиво во периодот кога нема родендени (без присуство на родител) 250 денари/час.
Резервирајте навреме : 071/ 305-976


Куќни правила во KIDS PARK

Правилата постојат заради сигурноста на сите деца и пријатен престој на сите родители. Однапред сме Ви благодарни што ќе се придржувате кон сите правила.

Додека детето е во Kids Park, присуство на родител или старател е задолжителен во делот предвиден за возрасни. Ниту едно дете не смее да ја напушти игротеката без присуство на родител/старател.

Влезницата овозможува престој во игротеката кој временски може да е различен од половина час, час,два часа и неограничено. При напуштање на игротеката се регистрира точно поминатото време и доколку се надмине предвидениот термин за напуштање на игротеката се доплаќа следниот половина час (се толерира 5-10 мин од претходно уплатениот термин за престој).

Kids Park е наменет за деца до 12 години. Со цел да се обезбедат високи критериуми за безбедност, сигурна игра, хигиена и пријатен престој, максималниот број на деца во игротеката е ограничен до 80 деца во секој момент во текот на работниот ден.

Играта на децата е посигурна ако не се внесуваат никакви играчки во делот за игра. Ве молиме од Вашето дете да ги остраните сите потенцијално опасни предмети (пр. шал, беџ, накит, мастики, бонбони и сл.).
Во Kids Park не е дозволена груба игра. Kids Park не сноси никаква одговорност за евентуални повреди заради невнимание на детето или невнимание на родителот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *