“Кога Иван ја запозна Ана“ – биди креатор на романтична приказна во Капитол Мол

Љубов, таа не движи, не мотивира, инспирира и исполнува. И не е чудо што си има свој ден во годината кога сите треба да се потсетиме колку таа е важна. Љубовни стрели, мисли, пеперутки во стомак, симпатии, први состаноци и флертувања…мхм сите сме го поминале она чувство на занесеност и одење по облаци. Но, дали сте имале ситуации кога сте помислиле “што ако можев да преземам поинаков чекор“ или “што ако не го кажев тоа“…Сите доаѓаме до момент кога посакуваме да го вратиме времето назад и да ги имаме оние Купидонови помошници што ќе ни помогнат во тоа да ја имаме совршената љубовна приказна.

Е па драги наши, ние ви ја даваме таа можност! Бидете нашите помошници и бидете вклучени во создавањето на една посебна романса што се случува помеѓу двајца млади во нашиот трговски центар. Целта е да ги направиме сите нивни состаноци во Капитол Мол совршени дури и кога работите не одат во таа насока 🙂

Еве за што станува збор, наша задача е само да се погрижиме Иван и Ана да се запознаат, за останатиот тек на нивниот однос очекуваме помош од вас. Сцените од случувањата ги објавуваме на нашата fb страница и кога ќе дојдеме до момент кога нема да имаме идеја како да продолжиме со приказната на Иван и Ана, доаѓате вие за асистенција 🙂
Со коментари и предлози до заедничко бирање на најидеалната случка што уште повеќе ќе ги доближи овие двајца студенти заедно. И така се до главниот чин, заедно да го поминат Денот на вљубените.

За помош околу бирањето на “што понатаму“ тука се и самите Иван и Ана кои ќе ви помагаат со совети и хинтови околу тоа што за нив претставува совршениот состанок. Затоа се што сакате да дознаете за нив со цел да го смислите најинтересниот предлог можете да поставите прашање наменето за било кој од нив во коментар и тие ќе Ви одговорат.

Освен на fb страницата на Капитол Мол, многу повеќе содржини за нашите главни ликови, видеа и изјави од нив самите можете да дознаете на нашата Instagram страница. Искористете ги максимално сите нивни објаснувања затоа што тоа може да помогне Вашиот коментар да биде избран како сцена за следното снимање.

И секако ние нема да бидеме она што сме доколку не подготвевме супер изненадувања за оние чии коментари и предлози ќе ги усвоиме како најкреативни и најинтересни.

Затоа се што можеме да ви кажеме е да не следите и да бидете вклучени, бидејќи не очекува едно супер забавно и ултра романтично искуство 🙂