Концерт на учениците од музичкото училиште Кредо во Капитол Мол 07.06.2017

Оваа среда на 07.06 со почеток од 18:30 часот во нашиот трговски центар, учениците од музичкото училиште “Кредо“ од Скопје ќе приредат концерт.

Ги покануваме сите родители и деца да бидат дел од овој настан, да уживаат во прекрасните музички ноти и да се информираат за уписите на нови членови и ученици.