Креација, Едукација и забава во Кидс Парк

Детска врева и џагор беа едни од најубавите звуци минатата недела во Капитол Мол.

Детската недела беше одбележана во Кидс Парк во соработка на Просветно дело. Научивме за детските права и обврски и го искористивме најзабавното детско право, правото на игра и тоа супер забавна, креативна и спонтана детска игра во нашиот Кидс Парк.
Убавото дружење немаше да биде исто без наставничките и вредните првачиња од ООУ Ѓорѓија Пулевски.

Ви ја пренесуваме атмосферата преку фотографии 🙂