Креатори на насмевки

Ве покануваме да бидете дел од хуманитарната аукција насловена „Креатори на насмевки“.

Во среда на 23ти мај, од 19 часот во Диван Џус Бар на 2ти кат од Capitol Mall & Residence ќе имате можност да се дружиме, забавуваме и да бидеме хумани со наддавање и купување на чантите Carpisa, кои се декорирани од студентите на Факултетот за дизајн и мултимедија, предводени од професорите @Marija Veteroska, @Katerina Apostolska, Nikola Eftimov fashion & design, @AleksandarPreffoRaskovic при FON University.

Вашата хуманост можете да ја прикажете преку наддавање за вашата омилена чанта, ранец или куфер или пак со нарачување на коктелот “Smile Creator”.

Сите средства собрани за време на хуманитарната аукција ќе бидат доделени на матурантите од SOS Detsko Selo.

Чантите кои се предмет на аукција, моментално се изложени во Capitol Mall.