Креаторите на насмевки отворени за нивниот поттик

Како заедница и општество мора да прифатиме една нова перспектива во однос на тоа како можеме да си помогнеме еден со друг и да го унапредиме нашиот начин на живеење. Тајните на новите погледи и на тоа како можеме да го гледаме светот со различни очи и размислувања лежи во уметноста. Таа е поттикната од најдлабоките чувства на индивидуите и затоа раѓа емоции кои допираат до сите. Овој ефект ќе биде надграден со хуманитарен елемент преку „Креатори на насмевки“. Во склоп на оваа кампања, Капитол мол организира аукција на уникатни дела на чанти, донирани од Карписа, од страна на студентите на Факултет за дизајн и мултимедија од ФОН Универзитетот предводени од Никола Ефтимов и Александар Рашковиќ.

Никола Ефтимов – Што Ве поттикна да го вклучите Вашето искуство и знаење во хуманитарни цели?

Иако патот кон реализацијата е индивидуален, сепак, сметам дека секое свесно битие би требало да ја има потребата да помогне на оние што во извесен период од животот имаат потреба од помош. Личната среќа е во тесна врска со среќата и чувството на исполнетост на другите членови на заедницата. Во рамки на моите можности, без разлика дали станувало за директна парична помош или подарување на дела кои би можеле да се валоризираат, постојано сум бил дел од хуманитарни акции.

Александар Рашковиќ – Како Вашите студенти го прифатија предизвикот да креираат нешто кое ќе мотивира филантропија?

Со оглед на тоа што одзивот на студентите беше голем, ќе кажам дека и интересот за идејата и реализацијата на истата беше на високо ниво. Максимално се посветија и со огромна позитивна енергија го изработија проектот. Морам да напоменам дека самите студенти веќе долго време имаат искуство во хуманитарни проекти и секогаш настапуваат кон нив со голема креативност и ентузијазам.

Никола Ефтимов – Дали ќе се наддавате за време на аукција за да им помогнете на матурантите од СОС Детско село да ја имаат една од најубавите вечери во нивниот живот?

Менторите и студентите веќе го одработија својот дел во акцијата, но тоа не ја исклучува можноста да учествувам и јас во аукцијата. Веќе имам лични фаворити меѓу чантите.

Александар Рашковиќ – Дали имате одредено дело од некој Ваш студент кое Ви е омилено?

Сите ние имаме свој личен вкус и афинитетит кон одредени нешта кои се производи на нашата професија, па така и јас како професор секако дека имам студенти кои создаваат дизајни кои се блиску до мојот сензибилитет, но се трудам да ги доведам студентите до ниво каде што сите нивни дела ќе бидат на одлично и солидно ниво, без разлика дали се блиску до мојот личен вкус.

Сите кои сакаат да бидат дел од ова уникатно искуство кое има за цел да ги урне конвенционалните убедувања и да поттикне нешто ново во нашата заедница како хуманитарната уметност може да ја посети аукцијата во среда, 23.05.2018, во 19.00 часот во Диван Џус бар.

 

Повеќе информации за самиот настан можете да прочитате на https://www.facebook.com/events/402484013562230/