Lego Builder Championship II натпревар во Капитол Мол

Оваа сабота (08/04/2017), Lego Club Macedonia во соработка со КРШ, ве поканува на вториот Лего натпревар од низата натпревари предвидени за оваа година.

Натпреварот ќе се одвива во нашиот трговски центар, на дрвената бина на 1 кат. Присуството го потврдувате во продавницата на КРШ од каде ќе ве упатат кон местото на натпреварот.

Пријавување за учество: на FB страната Lego Club Macedonia, каде во Inbox треба да испратите Ваши податоци (број за контакт, е-mail), Име, Презиме и возраст на Вашето дете.
БРОЈОТ НА УЧЕСНИЦИ Е ОГРАНИЧЕН !

* Право на учество имаат деца од 5 до 10 години.
* Право на учество немаат оние деца кои во претходните натпревари освоиле I, II или III место.

Децата ќе бидат поделени во 2 групи, од 5-7 години и од 8-10 години. Ќе им биде претставена модел Лего фигура која ќе треба да ја реплицираат за најкраток временски период. Времето на градење на фигурата е ограничено на 10 минути.

Најбрзите тројца од секоја група ќе бидат наградени, а сите останати учесници ќе добијат подарок-изненадување.

Победниците од секоја група се здобиваат со право на учество во финалниот натпревар LEGO BUILDER CHAMPIONSHIP, кој ќе се одржи во Декември, и ќе се борат за титула MINI LEGO BUILDER и LEGO BULDER.