Lego Builder Championship VI во Капитол Мол

Со задоволство Ви го најавуваме LEGO BUILDER CHAMPIONSHIP VI.
Оваа сабота(21.10.2017г.),Lego Club Macedonia во соработка со КРШ, Ве поканува на шестиот Lego натпревар од низата натпревари предвидени за оваа година.
Натпреварот ќе се одржува во нашиот трговски центар.

Пријавување за учество:
На FB страната на Lego Club Macedonia,каде во inbox треба да испратите Ваши податоци(број за контакт,е-mail), Име,Презиме и возраст на Вашето дете.
-Право на учество имаат деца од 5 до 10 години,
-Право на учество немаат оние деца кои во претходните натпревари освоиле I, I I или I I I место.
БРОЈОТ НА УЧЕСНИЦИ Е ОГРАНИЧЕН.

Децата ке бидат поделени во две групи,од 5 до 7 години и од 8 до 10 години.
Ке им биде претставена модел Lego фигура која ке треба да ја изработат за најкраток временски период.Времето на изработка на фигурата е ограничено 10 минути.

Најбрзите тројца од секоја група ке бидат наградени,а сите останати учесници ке добијат подарок изненадување.
За наградите како и секој Lego натпревар ке се погрижи Крш.

Победниците од секоја група се здобиваат со право на учество во финалниот натпревар Lego Builder Championship,кој ке се одржи во Декември.Ке се натпреваруваат за титула Mini Lego Builder и Lego Builder.

Присуството го потврдувате во продавницата КРШ која се наоѓа на третиот кат во нашиот трговски центар од каде ќе ве упатат кон местото на натпреварот.

За време на Lego натпреварот во КРШ ке има промотивен Lego попуст од 10% на се што не подлегнува на намалување.