Лет во магичниот свет на Кидс Парк

Заедно со нови сили да го прославиме почетокот на новата учебна година.

Лет во магичниот свет на Кидс Парк. Таму ќе Ве чека богата содржина за деца подготвена со многу љубов и внимание.

Денес детската роботика и детските играчки кои спаѓаат во таа категорија со неверојатен интерес допира до децата. За таа цел нашите соработници Логинг Елекроникс подготвија презентација која сигурно ќе ги примами детските погледи.

Летање на дрон, управување со радио контролиран спортски автомобил и r/c багер Liebherr со реален звук на мотор, пукање со ласерски пиштол со инфрацрвена безопасна технологија се само дел од активностите кои се дел од програмата на настанот со кој го прославуваме почетокот на учебната година.

Ликовна работилница со Просветно Дело, боење на лице, балони, маскоти, мини диско и караоке и вкусни изненадувања за секое дете посетител од нашиот соработник Колид Фудс.

За настанот да биде уште повесел, за учебна година лесна како песна ќе пееме со единствените Поточиња.

Кидс Парк секогаш Со и За децата во сите убави мигови!

Настанот е предвиден за деца до осум годишна возраст.

Влез на двочасовната забава со целокупната програма и вкусни изненадувања за секое дете посетител чини 120 денари.

Ве очекуваме во што поголем број за одлична забава!


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/capitolm/public_html/re/wp-includes/functions.php on line 4344