Летен саем на книга во Капитол Мол 14.06-18.06

Во рамките на своите заложби за популаризација на културата на читање книги, Капитол Мол во соработка со Македонската асоцијација на издавачи го најавуваат Летниот саем на книгата што ќе се доржи од 14-18 јуни.

МАИ и нејзините членови- издавачките куќи: Арс Ламина, Три, Антолог, Полица, Култура и Едука Мак за прв пат ќе ги претстават своите изданија во овој атрактивен мол (трговски центар) со што се надеваат на воспоставување на
една нова и убава традиција – летото да започне со книга.

На вљубениците во убавиот пишан збор, издавачите од МАИ ќе им ги претстават најпродаваните странски и домашни изданија, како и најбараните наслови за најмладите по САЕМСКИ ПОПУСТ ДО 70%.

Во рамките на саемот на книгата во Капитол мол, посетителите ќе имаат можност да присуствуваат на бројни промоции, работилници и средби со своите омилени автори.

Ова лето уживај со книга!