Љубовни предизвици за долготрајна и успешна врска

За една успешна врска потребно е многу повеќе од тоа да се биде вљубен еден во друг. Многу повеќе од само љубов. Љубовната искра кај секој вљубен пар со тек на време се намалува, и тоа како резултат на динамичниот живот и бројните секојдневни обврски.
Потребно е посветеност, истрајност, взаемно разбирање и секојдневна комуникација за заедничките желби. Најважниот фактор е токму тоа ­ секој пар да си посвети барем неколку моменти за самите себе, за да се одржува таа љубовна искра низ годините. Со внесување на креативност во секоја врска се отвораат шанси за доживување на нови и интересни искуства и предизвици.
Љубовните предизвици многу често се пресудни за опстанување на една врска. Тоа е еден од најдобрите начини истата да созрева и расте како и самите партнери. Затоа, многу често се слуша за охрабрување и прифаќање на идејата за користење на различни видови на предизвици кои партнерите си ги поставуваат меѓусебно.

ДА“ за секој предлог од партнерите
Зборот „ДА“ секогаш има позитивен импакт и влијание. Ретко кога секој се согласува за одреден предлог или идеја без одредено размислување. Овој предизвик овозможува партнерите да прифатат различни предлози кои посакуваат да ги исполнат и искусат, без претходно долго размислување. Со позитивен став кон сè што е ново се зголемува блискоста и атрактивноста да се поминува што повеќе време еден со друг.

Авантуристички патувања
Овој предизвик се базира на авантуристичниот дух кај партнерите. Идејата е секој да мора да предложи неколку дестинации за патување и воедно авантури кои би ги доживеале за време на патувањето. Преку овој предизвик се добиваат сознанија за тоа колку партнерот е иновативен, креативен и авантуристички насочен во животот. Со надополнување на своите идеи и различни искуства, партнерите би можеле да се вратат кон своите секојдневни обврски со посебен жар и цел.

Подобро запознавање
Предизвик кој се заснова врз поставување на разни прашања од различни области со цел да се согледа колку партнерите навистина се познаваат меѓу себе. Прашањата на прв поглед би изгледале како неважни, но истите сепак овозможуваат дополнително запознавање меѓу партнерите и дополнителна забава за двајцата.
Тоа е и основата на секој љубовен предизвик, партнерите да можат да научат нешто сосема ново за самите себе и истото да го споделат меѓу нив за да се појави ново зацврстување на врската и повторно појавување на првата љубовна искра.

Спортски предизвик
Овој предизвик ги поттикнува сите вљубени парови да искусат разновидни спортски предизвици кои во секојдневниот живот не би ги доживеале. Со предизвикување на сопствените физички граници и љубовта кон спортот и надворешните активност, се согледуваат, но и прифаќаат сите предности и недостатоци во однос на физичката подготвеност и динамичниот спортски дух.

Ако партнерите се подолго време заедно, тогаш природно е да не се искажуваат премногу чувства. Но, факт е дека треба почесто да се споделуваат емоциите и да се комуницира што е можно повеќе. Дури и најмалите победи се вредни за да се прослават.

Искажување на поддршка дури и за најмалите нешта и среќни мигови.
Потребно е да постои стремеж кон своите цели и взаемна поддршка дека и двајцата ќе бидат заедно до крајот на патувањето. Сите вљубени парови имаат можност да доживеат повеќе љубовни предизвици и во Капитол Мол во Скопје, каде од 4ти до 14ти февруари се слави љубовта со несекојдневни и забавни наградни активности.
Дополнителни информации за љубовните предизвици можат да се пронајдат на официјалната Facebook фан­страна на Капитол Мол, ОВДЕ. (https://www.facebook.com/capitolmall/)

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *