МЕДЕНОВИ

Меденови ги започнавме лудо и весело, а така и ги завршивме. 🐝
Уживавме во медот и производите од мед на нашите изложувачи пред Капитол мол (Пчеларство Митревски, ПРО-МЕД, Пчеларство Додевски)

Нашите верни и долгогодишни пријатели пчеларите ни ги претставија нивните производи од мед и не информираат за големата благодет која што ја има човекот преку конзумацијата на медот и производите од мед.

Период на настинки? – Со природен и здрав мед нашето тело е заштитено и здраво! 🐝

Голема благодарност и до дечињата од детската градинка “25 Мај“ кои со игра и песна ни го отворија овој настан ‘МЕДЕНОВИ” и ни ја запеаа “Брм Брм пчеличке” 🐝🐝🐝

Нашата медова дружба заврши, ве покануваме и наредната година на исто место во поголем број. ❤️

Не заборавајте, јадете мед и бидете здрави како дрен! 🍯

Твој мол, твое место #CapitolMall ❤️🐝


#365ДенаЉубов


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/capitolm/public_html/re/wp-includes/functions.php on line 4344