Најновата фешн едиција на Gb Moonglow, ексклузивно само во КРШ!

Во продавницата на Крш во нашиот трговски центар можете да ја побарате најновата фешн едиција на Gb Moonglow, составена од количка за деца, седиште за во автомобил, зимска прекривка, чанта и кебенце.

Запознајте ги елементите и посетете ги во Капитол Мол.

Gb Maris MOONGLOW

3-во-1 систем за патување од раѓање до 17 кг (приближно 4 години)
Марис може да се користи како 3-во-1 патувачки систем кој нуди неверојатна флексибилност со индивидуализирана рамка. Може да се користи со класичен CARRY COT (бебешка корпа), седиште за во автомобил GB Idan или подоцна со луксузно седиште кое може да биде свртено напред или назад.

Седиште за во кола од раѓање до 13 кг (до приближно 18 месеци)
GB IDAN MOONGLOW е совршена комбинација на највисоки стандарди за безбедност, квалитет и елегантен дизајн, со модни детали инспирирани од светските модни трендови.
Создаден од светските лидери за безбедност IDAN MOONGLOW ја комбинира совршената заштита и новиот вид на травел систем за максимална безбедност во и надвор од автомобилот.

b Maris CARRY COT MOONGLOW
Од раѓање до 9 кг (приближно 6 месеци)

Gb Changing Bag MOONGLOW

Стилска торба за пресоблекување изработена од еластичен но сепак издржлив материјал кој може да се пофали со елегантен сјај, традиционално рафиниран со контрастни црно кадифени детали. Совршен придружник за модерните мајки, вклучува подлога за пресоблекување, изолационен отстранлив држач за шишиња и простор за влажни работи.

Gb MOONGLOW FOOTMUFF

Оваа елегантна, нежно треперлива зимска прекривка е идеален придружник за студените денови. Единствениот ефект на призма на надворешниот материјал плени со постојана игра на бои кога се гледа од различни агли. Со својата робусна надворешност нуди сигурна заштита од студ, ветер и дожд. Иридесцентната ткаенина дава дополнителна димензија на софистицираност, додека кадифената внатрешна поставеност дава пријатна топлина.

Gb Baby Blanket MOONGLOW

Меко, нежно бебешко ќебенце кое обезбедува удобно чувство прекривајќи го вашето бебе во облак на пријатна бестежинска состојба. Ќебето е направено од високо квалитетен памук и се пере во машина на 30 Целзиусови степени.