Најзабавните пред новогодишни забави за фирми, компании и училишта во Капитол Плеј!!!

ЗАБАВА ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ…

Комплексот за забава – Капитол Плеј, лоциран во Capitol Mall во населба Аеродром, во фокусот на своето делување го има организирањето на најразлични забавни активности, но исто така и активности во кои се вклучени едукацијата и рекреацијата.

На Третиот кат на Капитол Мол се наоѓа најкомплетнaта игротека во Македонија – Kids Park, потоа кафе бар со беспрекорна услуга, како и кугланата и билјард – 4Bowling, екипирани со опрема од врвниот производител, американскиот Brunswick.
И оваа година по традиција како и изминатите години забавниот центар во Капитол е организатор на најзабавните пред новогодишни забави за фирми, компании, училишта и градинки.

 

Изминатите години неколку од најдобрите компании го одбраа најдоброто за своите вработени!
Најголемиот семеен забавен центар со најмногу детски џагор во пред новогодишната еуфорија.

Единствена понуда за пред новогодишни забави која подеднакво ги вклучува сите генерации и нуди вистинска забава за сите, од најмали до најголеми.


Креативна новогодишна работилница, новогодишно караоке и боење на лице, фотографирање со Дедо Мраз и многу детска игра за најмилите во магичниот свет на Кидс Парк.

Игротеката Kids park претставува уникатно креиран простор со високи стандарди за безбедност и хигиена и исклучително иновативни и необични елементи за игра.Место на кое дечињата ќе имаат прилика да ја поттикнат креацијата, да ја поткренат едукацијата и да уживаат во забавата.

Забавата не изостанува и за поголемите деца и возрасните. Куглање, билјард, друштвени игри од типот на хокеј на мраз, фудбалче, кошарка и сл.


Дружењето со 10те кегли претставува друштвена игра наменета за сите возрасти.
Благодарение на позитивното чувство кое го предизвикува, натпреварувачкиот дух и забавата, претставува одлична содржина за забава и квалитетно поминато време во друштво на најблиските.

Групните посети пак кои во овој период ги организира едукативниот центар на игротеката Кидс Парк се вистинското нешто кое му дава живост и радост на Капитол Мол.

Многу училишта и градинки досега беа дел од креативните новогодишни работилници кои тимот на педагози и психолози вработени во Кидс Парк ги подготвува со многу љубов и внимание.

Одберете вистинска забава за пред новогодишниот период и информирајте се повеќе на тел: 071 305 976.