НАОМИ КЕМПБЕЛ и ТОМ ТЕЈЛОР

ТОМ ТЕЈЛОР ја лансира својата трета Капсулна Колекција со интернационалниот топ модел Наоми Кемпбел. Темата на новата колекција, Урбани Романтичари, може јасно да се препознае во секој од дизајните и е особено импресивна со своите силуети, цветни дизајни и интензивна палета на бои.

 

Хамбург / Берлин / Скопје, 2018 –  ТОМ ТЕЈЛОР заедно со интернационално познатиот топ модел, Наоми Кемпбел, стилски го  најавува крајот на летото. Потписот на стилската икона не може да се занемари во неговата последна Капсулна Колекција. Романтични дезени, префинети ткаенини, како и класични карирани парчиња, се идеалните придружници од оваа колекција за претстојната сезона.

Клучните модни парчиња од колекцијата се деликатните карнери и кошула-фустани, како и деловниот изглед со јасни и прецизно дефинирани линии и структурирани карирани дезени. Блејзерот со долг крој во комбинација со “Марлен“ панталони и стилски, црвен мантил со ремен се совршената модна комбинација за претстојната сезона.

Блузите кои ја нагласуваат фигурата со детали со карнери и ленти се достапни во силни црвени и интензивни сини нијанси. Заедно со деликатните ткаенини, оваа палета на бои ја формира стилската основа на колекцијата, која опфаќа околу 30 модни комбинации.

Модните парчиња од соработката на НАОМИ КЕМПБЕЛ и ТОМ ТЕЈЛОР ќе бидат достапни од Јули, 2018 година во ТОМ ТЕЈЛОР продавниците и преку онлајн продавницата: www.tom-tailor.de.