Наскоро нов член во семејството на Капитол Мол – Tilla

Tilla stylish kids wear е најдобар македонски детски бренд кој уште од самиот почеток е наменет за девојчиња и момчиња од 0 месеци до 12 години.
Визијата на Tilla, преку производниот процес и строгите проверки на квалитет е вткаена во своите креации, почнувајќи од дизајнот преку изборот на тканини па се до самата конструкција на моделот.

Специјализиран бутик на Тила наскоро за прв пат ќе се отвари во Скопје и тоа во нашиот трговски центар, во кој ќе најдете широк асортиман на многу уникатни производи изработени од најдобрите материјали.