Неделно роденденско расположение во Капитол Мол10.12

Неделава ќе се потрудиме да ви ја направиме уште поубава со нашата програма по повод нашиот 4ти роденден кој трае се до 12.12.

Денес заедно со градинките и со уметниците Тоциновски цртаме роденденски честитки, најмалите ќе уживаат во цртањето на лице од нашите аниматори, ќе играме салса со Академија Рекреатива и ќе ја покажеме креативноста во работилницата организирана со Office Plus. Во продолжение ќе уживаме во настапот на интересниот пантомимичар како и кукленото шоу планирано за 16 часот.

Од 17 часот DJ Mats повторно ќе не развеселува со роденденското диско а подоцна ќе продолжиме со забава и мнооогу магија 🙂