Неочекувана пошта, незаборавна среќа! Караванот на Преплет во Капитол Мол

Можете ли да се сетите кога последен пат сте испратиле новогодишна честитка по пошта? Можеби на тоа нема да се сетите, но сигурно ќе ви текне на среќата кога ќе го отворите сандачето и ќе видите нешто адресирано до вас, а тоа не е сметка. 🙂

Преплет го враќа во мода праќањето на честитки по пошта со цел да ги изненадиме нашите најблиски со некоја убава порака на македонски и кирилица. Преплет ќе се погрижи за испраќањето на честитките, а со секоја купена честитка воедно и ќе донираат за децата без родители од домот “11 Октомври”.

Со таа цел организираа патувачки караван кој на 23.12 од 12:00 – 18:00 часот ќе биде локализиран во нашиот трговски центар.

Се што треба вие да направите е:
– да ги дознаете адресите до сите на кои што сакате да им испратите разгледница,
– да дојдете и да купите честитки,
– да ги напишете најубавите желби
– да ги адресирате и
– да ни ги оставите во џиновското сандаче на Преплет!