Нова марка во асортиманот на dm – LANGHAARMÄDCHEN

Dm ви ги претставува долгокосите девојчиња Јулија и Мона, кои инспирирани од долгите коси, решија да ја создадат новата марка и да Ви ја понудат Вам…на сите долгокоси девојки!

Двете стилистки за коса и шминка ја преточија својата фасцинираност со косата, заедно со нивниот речиси експертски Know-how и многу љубов, во новата ексклузивна марка – LANGHAARMÄDCHEN! Нивната цел: инспирирање на сите долгокоси девојки, со помош на нивните производи и супер трикови за стајлинг, да го извлечат најдоброто од себе и од своите коси!

Мона – Визионерката, е креативата на LANGHAARMÄDCHEN. За време на својата активност како Hair & Make-Up стилист во Африка и Австралија, доаѓа до идејата да развие свој Beauty бренд!

Нејзиниот фаворит: производите за волумен! Не само што имаат прекрасна арома, туку и ќе ѝ пружат на косата неверојатен волумен и цврстина!

 

 

Јулија е всушност реализаторот…веќе како млада беше еднаш прогласена за најдобра млада фризерка во Германија, а заедно со Мона успеа да ја оствари во целост визијата на LANGHAARMÄDCHEN!

Шампонот за суво миење коса и пудрата за коса се нејзините фаворити. Со нив, Вашата коса може да ја добие секоја посакувана тренди фризура!