Организација на завршни забави за крајот на учебната година

Забавно-едукативниот центар Капитол Плеј лоциран во трговскиот центар Capitol Mall 3 кат претставува една од најголемите и најцелосните места за забава, рекреација и едукација во Македонија.

Составен дел на забавниот центар е едукативниот центар кој располага со висококвалификуван кадар на педагози и психолози, едукативни играчки и материјали за интелектуален, емоционален, социјален и физички развој на децата.

Во склоп на своите активности забавниот центар нуди и организирање на групни посети за деца од 4-12 годишна возраст.

Како заокружување на успешно завршената учебна година една ваква факултативна посета  би значела многу за рекреација, забава и проактивна анимација на децата.

Програмскиот и едукативниот дел од овие завршни забави по традиција се реализира во соработка со Просветно Дело кое секогаш е со Кидс Парк во едукативната мисија преку одличните изданија за деца и високо квалитетните ликовни материјали кои се  нетоксични за нашето здравје и околина.

Водени од мотото Секогаш СО и ЗА децата, и учиме низ игра – играме учејќи, овој едукативен центар досега има реализирано многубројни едукативно-креативни работилници на кои децата навистина уживаат и се едуцираат.

Завршните забави се предвидени да траат два часа, темата за работа е внимателно одбрана преку тематско планирање и мотивирана од актуелните интересите на децата и нивното специфично доживување на реалноста.

Забавниот дел се состои од караоке забава, крeативно-интерактивни игри, и уживање во магичниот свет на Кидс Парк – место на кое времето за игра е секогаш малку.

 

За деца над 10 години постои можност за реализација на едукативната работилница во кугланата 4Bowling каде децата ќе имаат можат да се запознаат со куглањето како спорт и рекреација, ќе имаат можност да научат основни информации од професионален инструктор и едноставно ќе уживаат во позитивното расположение и натпреварувачки дух кој оваа дисциплина ги буди.

Во интерес на навремена и квалитетна подготовка на активностите за ваквите настани како и навремена резервација на посакувани термини, за сите наставници и дечиња кои вистински сакаат да го прослават крајот на успешно завршената учебна година  и со радост да го пречекаат летото, повеќе информации на 071 305 976.