Предлог дневни комбинации од Карпис за модерни есенски прошетки

Има ли нешто поубаво од дневна прошетка во есен со пријателките или партнерот 🙂 Мирисот на есенски лисја, живописни бои и она посебно романтично и хармонично чувство кое може да се почувствува само во овие неколку месеци 🙂

За Вашите дневни излегувања, ние одвоивме неколку модни комбинации од Карпис во кои најпрво ќе се чувствувате удобно и топло и во кои ќе изгледате како модерна и тренди фешн дива 🙂

Сите изгледи се од нивната последна колекција “Color Symphony” и можете да ги побарате во нивната продавница во нашиот трговски центар.