Предновогодишна хуманитарна приредба “Sing” со Access во Капитол Мол

Драги наши, ве покануваме на уште еден супер распеан предновогодишен настан во нашиот трговски центар.

Учениците од училиштето за странски јазици “Access” ќе изведуваат песни на англиски, германски и француски јазик од познати анимирани филмови (Beauty and the Beast, Trolls, Sing, Coco, Aladdin and the Magic Lamp, Cars….).
Приредбата ќе биде од хуманитарен карактер. Посетителите ќе може да донираат парични средства кои ќе бидат наменети за лекување на Јоце Блажевски кој боледува од церебрална парализа.

Да се забавуваме и да покажемe хуманост!

Се гледаме на 24.12.2017 г. во 12:00 часот во Капитол Мол