Разиграна есен со новите модели за најмалите од Tilla

Tilla stylish kids wear е македонски детски бренд кој уште од самиот почеток е наменет за девојчиња и момчиња од 6 месеци до 12 години.

Како и неговото име, има уникатен и трендовски стил и е наменет за деца кои се разиграни, динамични, природни.

Tilla може да се опише како синтеза на светли, разнобојни и современи модни елементи. Таа ја изразува забавната, природната, разиграната и свежа перспектива на светот.

Посетете ја нивната новоотворена продавница во нашиот трговски центар и одберете од големиот избор на висококвалитетни и шик модели за вашите најмали од најновата колекција есен/зима 🙂