Романтична и заводлива долна облека од Lisca која ќе ве освои на прв поглед

Романтична и заводлива долна облека. Везот на тенок и нежен тул делува како тетоважа на кожата. Проѕирниот градник е лесен и раскошен. Долната облека од серијата Glory се поигрува со проѕирност и двослојност, делува сензуално, но и удобно. Украсот со кристалчињата помеѓу корпите уште повеќе го нагласува деколтето, а тенкиот микро материјал, изгледа свиленкасто и дава удобно чувство на кожата.

Градникот со жица покрај леснотијата дава и одлична потпора на градите. Атрактивните шпагети прерамки почнуваат со интересен детал а по желба можете да ја регулирате висината на прерамките за да обезбедите оптимална поддршка. Заводлив е и грбниот дел на градникот кој е изработен од сензуален вез на проѕирен тул, а кроен е пошироко за подобра удобност. Овој градник е добар избор за под венчаница.

– градник со жица
– лесни непоставени корпи со tattoo вез
– украсен и функционален дел од микроплетиво во долниот дел на корпата
– декоративен украсен детал меѓу корпите
– поширок заден дел со детал од чипка и тул
– атрактивни прерамки кои можат да се продолжат во висина
– во боја на ванила градникот е одличен избор за невести

Побарајте го во продавницата на Lisca во нашиот трговски центар.