Што ќе се случува денес во Капитол Мол 09.12

Вториот ден од роденденското петдневно лудило го продолжуваме со одлична програма за сите големи и мали.

Денес од 10 часот започнува Лего турнирот во соработка со Крш, потоа продолжуваме со забавните активности за нашите најмали посетители, штулар, роденденско караоке во Kids Park заедно со дечињата од Поточиња, цртање на роденденски честитки со уметниците Тоциновски, тркало на среќата за сите родители, како и промоција на детски книги заедно со Просветно дело.

Со почеток од 19 часот Tilla организира детска ревија во соработка со Модно студио Црнокрак.DJ Branchez ќе не забавува со роденденско диско а Brass Brothers ќе ја вжештат атмосферата со почеток од 20 часот.