Славиме Европски ден на јазиците во Капитол Мол

Драги наши, по повод Европскиот ден на јазиците, 26.09.2017, нашиот трговски центар во соработка со Европскиот центар за јазици и комуникации – Бабилонија и издавачката куќа Ars Lamina, ве поканува на незаборавно и креативно учење на англиски, германски и француски јазик.

Настанот ќе се одржи во сабота, на 30.09.2017, од 12:00 до 16:00. Во програмата се предвидени:
– демо часови по англиски, германски и француски јазик;
– во 13:00 креативна работилница: Светот во Бабилонија – Европски ден на јазиците
– поклони и многу други забавни активности за децата.

Ви подготвивме супер забавна викенд активност, ваше е само да не посетите и да се забавувате 🙂