Учествувај во создавањето на приказната на Иван и Ана и добиј подарок

Приказната на Иван и Ана ги разбуди пеперутките кај секој од нас, посебно во овој романтичен и предпразничен период.
Со запознавање на филмски начин се до три средби кои со ваша помош беа супер интересни и полни со предизвици.
Сепак нашата цел е да го оствариме она за кое што и тие двајцата потајно се надеваат, а тоа е да го поминат заедно Денот на вљубените.

Овде ни требате сите вие со предлози, идеи и сугестии како нашите главни ликови да ги поминат сите оние двоумења, стравови и „сопки„ што ги носи овој дилемичен период на почеток на врска 🙂

Првиот состанок помина во супер запознавање кој заврши со мало недоразбирање кое Иван и Ана го надминаа на нивната втора средба. И сето ова со помош на нашите фанови. Се уште во тек е и собирањето на идеи за продолжеток на третата епизода од оваа романса.

Затоа сите оние предлози и идеи кои се креативни, уникатни, интересни и се вклопуваат со духот на оваа приказна, ќе бидат прифатени и според истите тие ќе се развива нашата празнична приказна. Оние чии идеи се одбрани како такви ќе добијат некој од подароците обезбедени од нашите пријатели, а тоа се ПАКЕТ ПРОИЗВОДИ ЗА НЕА И НЕГО ОД dm, ЛОЗОВИ ОД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА, КУГЛАЊЕ ЗА ДВАЈЦА, ПИЦА ЗА ДВАЈЦА И ПАКЕТ ПРОИЗВОДИ ЗА НЕА И НЕГО ОД ПАРФИМЕРИЈА ЕЛИКСИР.

Листата на добитници на подароци ќе бидат објавени на 14.02 на нашата фејсбук страница, а до тогаш, давајте ги вашите коментари и бидете потенцијален добитник на супер подароче 🙂